Монтеро МВП на колото во Евролигата

Играчот на Олимпијакос, Жан Монтеро, е најкорисен играч (МВП) на петтото коло од Евролигата, објави денес веб-страницата на натпреварувањето

Прегледи:

Датум:

Играчот на Олимпијакос, Жан Монтеро, е најкорисен играч (МВП) на петтото коло од Евролигата, објави денес веб-страницата на натпреварувањето.

Во големиот камбек на Олимпијакос и победата над Валенсија (102:97), Монтеро запиша 26 поени и пет скока за 31 минута на теренот, со 8/12 шут од поле.

Тој имаше индекс на корисност од 35, што му ја донесе наградата за Најдобар играч на колото во Евролигата по втор пат во кариерата.

Џам Мадар од Макаби имаше индекс од 31 во поразот од Барселона. Мадар запиша 22 поени и четири асистенции за 27 минути игра, со 8/11 шут од поле.

Играчот на Ефес, Дарио Шариќ, и Анте Жижиќ од Бешикташ, постигнаа по 28 индексни поени.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Алкараз ја смени Саудиска Арабија со Виена: Шпанецот се враќа во Австрија по пет години

Моментално третопласираниот Шпанец Карлос Алкараз ќе игра на овогодинешниот...

Саудијците принудени да го одложат најбогатиот тениски турнир во светот

Карлос Алкараз, Новак Ѓоковиќ, Александар Зверев, Тејлор Фриц, Алекс...

Саутгејт: Нема победник во случајот Манчестер Сити

Поранешниот селектор на Англија, Гарет Саутгејт, вели дека не...

Сестрата на Роналдо: „Веројатно заврши со Португалија, сите ја чувствуваме тагата“

Сестрата на Кристијано Роналдо, Елма Авеиро, разговараше со CNN...