Македонија ја доби организацијата на ЕП за играчи до 16 години – Б дивизија

Во насока на дополнителна промоција на кошарката и нејзино доближување до што поголем број љубители на спортот, Кошаркарската федерација донесе одлука ова првенство, за првпат, да се реализира во два града – Скопје и Гевгелија

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека на нашата држава ѝ е доверена организацијата на Европското првенство за играчи до 16 години – Б дивизија, кое ќе се одржи во периодот од 5. до 16. август.

КФСМ донесе одлука ова првенство, за првпат, да се реализира во два града – Скопје и Гевгелија.

„Досега, вакви и слични меѓународни настани традиционално се организираа во главниот град, но нашата цел е да ја прошириме кошаркарската енергија и во другите средини, истовремено овозможувајќи им на повеќе граѓани да бидат дел од едно големо европско спортско доживување. Изборот на Гевгелија претставува можност овој град да се претстави во вистинско светло – како одличен домаќин, со својата спортска инфраструктура, гостопримство и организациски потенцијал. Убедени сме дека, заедно со Скопје, Гевгелија ќе придонесе за успешно и достоинствено организирање на шампионатот на највисоко европско ниво“, велат оттаму.

Ова Европско првенство ќе биде можност, според федерацијата, младите кошаркарски надежи од повеќе европски земји да ги покажат своите таленти токму во Македонија, но и можност нашата држава уште еднаш да ја потврди својата посветеност кон развојот на младинскиот спорт.

Кошаркарската федерација на Македонија, во соработка со локалните институции и партнери, ќе вложи максимални напори за организација на првенство кое ќе биде пример за професионалност, спортски дух и гостопримство, на гордост на македонската кошарка и на целата држава, додадоа оттаму.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...