Мекгрејди: Гледам лоша кошарка низ целата НБА

Членот на Куќата на славните, Трејси Мекгрејди, смета дека квалитетот на играта во НБА опаѓа и дека планираното проширување на лигата нема смисла во овој момент.

Прегледи:

Датум:

Членот на Куќата на славните, Трејси Мекгрејди, смета дека квалитетот на играта во НБА опаѓа и дека планираното проширување на лигата нема смисла во овој момент.

НБА неодамна ја потврди идејата за проширување на лигата со вклучување на нови франшизи од Лас Вегас и Сиетл, што би значело и враќање на Суперсоникс. Одлуката предизвика дебата во американските медиуми – дали лигата моментално има доволно квалитет за да направи таков потег?

Мекгрејди верува дека нема, истакнувајќи како пример натпревар во кој Бам Адебајо постигна 83 поени против Вашингтон Визардс, кои ги опиша како исклучително лош тим.

Тој гледа посебен проблем во фактот што некои тимови дури и не се обидуваат да победат, туку се стремат кон полош пласман за да добијат подобра позиција на драфтот.

„Дали ги гледавте како играат Вашингтон Визардс? Дали видовте што им направи Бам пред некоја вечер? Дали ни требаат повеќе вакви натпревари?“, рече Мекгрејди во шоуто на Ден Патрик.

Тој додаде поширока слика за проблемот:

„Да бидам јасен – гледам лоша кошарка низ целата НБА. Знам дека има повреди, но она што го гледаме како производ – едноставно не е доволно добро“.

Сепак, тој нагласи дека талентот е тука, но дека недостасуваат вистински лидери.

„Има многу талентирани играчи кои излегуваат од колеџ, има квалитет во лигата. Но, кога градите франшиза, каде се играчите како Стефен Кари или Дамијан Лилард кои можат да го носат тимот? Не гледам доволно од тие играчи“, заклучи Мекгрејди.

Легендарниот Американец беше деветти избор на драфтот во 1997 година, а за време на својата кариера играше за Торонто, Орландо, Хјустон, Детроит, Атланта, како и за кинескиот Кингдао, додека кариерата ја заврши во Сан Антонио во 2013 година.

Тој беше седумкратен Ол-стар, а со репрезентацијата на САД освои злато на Американското првенство во 2003 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...

КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ

КК Маџари го промени името во КК СКОПЈЕ, соопштија...