МЗТ го доби вечното дерби против Работнички

МЗТ Скопје Аеродром го победи Работнички со 97:93 по продолжение од пет минути во дуел од 21 коло од „МТЕЛ“ Супер лигата

Прегледи:

Датум:

МЗТ Скопје Аеродром го победи Работнички со 97:93 по продолжение од пет минути во дуел од 21 коло од „МТЕЛ“ Супер лигата.

Шампионот имаше + 8 (70:62) во средината на последниот период, но кошаркарите од Градски пар не се предадоа и на 3.6 секунди пред звукот на сирената, Ефремовски со тројка донесе изедначување (81:81), кое значеше и екстра период од пет минути.

Во нив, МЗТ Скопје стартуваше со пет поени, за (86:81). Но Ефремовски и Рикиќ го вратија Работнички назад кон шанса да изненади и да го добие дербито. „Црвено-белите“ поведоа со поените на Робев (89:88). А по тројката на Грушановиќ и со повисоки 92:88.

Но МЗТ Скопје најде одговор и изедначи (92:92). А по двата, помалку и избрзани обиди за три поени, прво на Костоски, а потоа и на Ефремовски, Петков казни со три реализирани слободни фрлања за (95:92).

Во наредниот напад, младиот репрезентативец беше максимално мирен од истата позиција, и ги постави конечните 97:93.

Смит Мексвејн кај МЗТ го заврши дербито со 25 поени, а кај Работнички Ефремовски постигна 27 поени, додек Рикиќ испорача нов двоен учинок од 25 поени и 15скока

МЗТ Скопје да има шанса во последното коло да дојде до првата позиција, на која во моментов е ТФТ, а Работнички ќе се бори за опстанок во суперлигата.

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ, РЕЗУЛТАТИ 21.КОЛО:

ТФТ – Гостивар 87:82
Феникс 2010 – Маџари 72:82
Ангели – Чаир 2030 78:85
МКК Куманово – Кожув 89:82
Пелистер – Тиквеш Голден Игл 82:88
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 97:93

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...