Бекер: Ѓоковиќ знае дека ова е неговата најдобра шанса за 25-тата Гренд Слем титула

Поранешниот тенисер, Борис Бекер е најмладиот шампион на Вимблдон во историјата, но и тренер на Новак Ѓоковиќ во неговите три триумфи на овој легендарен стадион. Затоа нема подобар соговорник од Германецот на темата за финалето пред финалето - полуфиналниот дуел на Ѓоковиќ со бранителот на титулата Јаник Синер.

Прегледи:

Датум:

Поранешниот тенисер, Борис Бекер е најмладиот шампион на Вимблдон во историјата, но и тренер на Новак Ѓоковиќ во неговите три триумфи на овој легендарен стадион. Затоа нема подобар соговорник од Германецот на темата за финалето пред финалето – полуфиналниот дуел на Ѓоковиќ со бранителот на титулата Јаник Синер.

– Ѓоковиќ има најголеми шанси да го освои својот 25-ти Гренд Слем тука и тој го знае тоа – истакнува Бекер за „Газета дело Спорт“. – Тој е најтежок за победа на трева, а не треба да заборавиме дека го победи Јаник во полуфиналето во Мелбурн. Ноле е секогаш најтешката пречка на Гренд Слем турнирите, истакна тој.

Иако сигурно навива за својот поранешен соиграч и пријател, Германецот знае дека ова полуфинале е целосно отворено.

– Синер ќе мора да игра подобро од претходно. Многу е важно да се ставите во позиција да го достигнете врвот на вашата форма во последното коло од турнирот и мислам дека тој успеа во тоа. Постои една стара поговорка, Гренд слем се губи во првата недела, а се добива во втората. Синер го избегна првото, а сега е во одлична позиција да го направи второто, смета Германецот.

Бекер нè потсетува дека Италијанецот го имаше својот најтежок натпревар против друг српски играч. Миомир Кецмановиќ водеше со 2:1 во сетови во првото коло, но Синер го сврте резултатот и победи во петтото.

– Тој прв натпревар беше клучен. Беше многу тешка ситуација за Јаник бидејќи нема добри резултати во вакви натпревари. Од тој натпревар почна да ја подобрува својата игра. Многу е важно што не ја изгуби енергијата потоа, бидејќи по она што му се случи во Париз имаше разни дилеми во врска со неговата физичка подготвеност. Мислам дека сега може да се префрли во петта брзина, изјави Бекер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...