Најдобриот играч ги напушта шпанските шампиони

Кошаркарот од Доминиканската Република, Жан Монтеро, ја напушти Валенсија, објави шпанскиот клуб денеска. Како што се забележува, активирана е откупната клаузула за 23-годишниот бек, кој, според шпанските и грчките медиуми, ќе ја продолжи кариерата во Олимпијакос

Прегледи:

Датум:

Кошаркарот од Доминиканската Република, Жан Монтеро, ја напушти Валенсија, објави шпанскиот клуб денеска. Како што се забележува, активирана е откупната клаузула за 23-годишниот бек, кој, според шпанските и грчките медиуми, ќе ја продолжи кариерата во Олимпијакос.

Заминувањето на Монтеро го продолжува трендот на големи промени во Валенсија ова лето. Брекстон Ки, Хаиме Прадиља, Серхио Де Лареха, Дариус Томпсон и Исак Ногез исто така го напуштија клубот пред одличниот бек, а замина и тренерот Педро Мартинез, па е јасно дека шпанските шампиони ќе влезат во новата сезона со целосно реновиран тим.

Репрезентативецот на Доминиканската Република минатата сезона во најелитното натпреварување имаше просек од 14,4 поени, три скока и 4,8 асистенции по натпревар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Тотенхем конечно победи, Кулушевски се врати по 526 дена

Тотенхем ја забележа првата победа во сезоната, откако го...

Роналдо суспендиран на 30 дена, мора да плати и парична казна

Португалската фудбалска федерација го суспендира Кристијано Роналдо на 30...

УЕФА ѝ даде рок на ФИФА до 2 ноември: Се бараат одговори за Инфантино и контроверзните одлуки

Европската фудбалска федерација (УЕФА) побара од Меѓународната фудбалска федерација...