Не треба да нè залажува поразот од Кипар, вели Стојановски пред дуелот со Австрија

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска во Виена го започнува вториот претквалификациски циклус за пласман во квалификациите за Европското првенство во 2029 година

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска во Виена го започнува вториот претквалификациски циклус за пласман во квалификациите за Европското првенство во 2029 година.

Првиот предизвик за избраниците на селекторот Хозе Мариа Берокал е селекцијата на Австрија, а позитивен резултат на гостинскиот терен би претставувал исклучително важен чекор во битката за пласман во следната фаза.

Војдан Стојановски, еден од најискусните и најзначајни кошаркари во составот на Македонија пред дуелот во Виена изјави дека целта е јасна – победа против Австрија.

„Но, за да го оствариме тоа, ќе мора да бидеме перфектни и борбени во текот на сите 40 минути. Не треба да нè залажува нивниот пораз од Кипар. Играат на домашен терен и тука секогаш се менуваат работите. Имаме добар тим. Штета што го немаме и Андреј Јакимовски, бидејќи за првпат ќе бевме комплетни. Иако имавме малку проблеми со здравствениот билтен, сепак трениравме добро и се подготвивме за овој натпревар. Се надевам дека и ние ќе имаме поддршка од трибините. Македонците во Австрија најавија поддршка, која ќе биде од огромно значење“, истакнува Стојановски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Прв отказ сезонава во Евролигата

Веќе го имаме првиот отказ на тренер во тим...

📽️ Мурињо збуни новинар пред натпреварот со Рома

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, одби да објасни...

Арбелоа казнет со 25.000 фунти за критикување на судиите

Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, е казнет со 25.000...

Шокантен пораз за Сабаленкa во 2. коло на турнирот во Вухан

Арина Сабаленко претрпе шокантен пораз во второто коло на...