Нов скандал ја тресе НБА! Човекот што ги „сруши“ Клиперси тргнува по Леброн

Човекот што разоткри еден од најголемите скандали и ја принуди НБА да ги казни Лос Анџелес Клиперси за кршење на правилата во врска со Каваи Ленард повторно вклучува аларми низ цела Америка! Познатиот истражувачки новинар, Пабло Торе започна истрага за договорот на Леброн Џејмс со Филаделфија и компанијата за спортска опрема „Фанатикс“. Причината е приватниот хеликоптер што „Кралот“ го користи кога патува до тренинзите на Сиксерси!

Прегледи:

Датум:

Откако Леброн Џејмс донесе шокантна одлука ова лето и потпиша двегодишен договор со Филаделфија вреден скромни осум милиони долари, новинарот на ESPN, Дејв Мекменамин, откри дека Џејмс редовно користи приватен хеликоптер за да ги балансира своите обврски на линијата Њујорк – Филаделфија.

Веднаш потоа, „Front Office Sports“ и порталот TMZ открија дека леталото носи официјални ознаки на брендот „Фанатикс“ и дека транспортот е обезбеден преку договор за спонзорство со оваа компанија. Сепак, токму ова крена црвени знамиња меѓу конкурентските франшизи, како што потврди познатиот истражувачки новинар, Пабло Торе во емисијата „Tuned In“.

„Добиваме сериозни сигнали од сопствениците на НБА тимови. Луѓето директно ми ја проследуваат приказната за хеликоптерот со едно прашање: „Што е ова?“, откри Торе.

Тој се сомнева дека спонзорскиот договор му обезбедува на играчот бенефиции што инаку би требало да влезат во буџетот за плати на клубот, таканаречениот „селери кап“! Според достапните информации, комерцијалните чартер летови со хеликоптер помеѓу Њујорк и Филаделфија чинат помеѓу 6.000 и 9.000 долари во еден правец. Имено, Леброн живее во „Големото јаболко“ и затоа користи хеликоптер. Летот до Филаделфија трае околу 40 минути, додека патувањето со автомобил трае двојно подолго, околу час и половина во еден правец.

Договорот што Џејмс го има со компанијата „Фанатикс“ е исклучително широк и ќе продолжи да важи дури и откако официјално ќе ги „закачи патиките“. Малку спортисти на планетата имаат вакво ниво на пристап до приватни летала преку истиот спонзор, што ги поттикнува сомнежите на конкурентите дека Филаделфија профитирала надвор од строгите финансиски правила на лигата.

Она што ја прави целата ситуација особено опасна за Џејмс и Сиксерс е угледот на Пабло Торе. Неговиот истражувачки тим на поткастот „Pablo Torre Finds Out“ ја освои Пулицеровата награда за аудио известување во мај за разоткривање на измамата на Лос Анџелес Клиперс и заобиколувањето на ограничувањето на цената при потпишувањето на Каваи Ленард – скандал што резултираше со официјални санкции од НБА во септември.

Додека Торе и јавноста ги составуваат парчињата за овој договор, Леброн се подготвува за своето деби на теренот. Откако го имаше своето деби во предсезоната против Бруклин Нетс, најдобриот стрелец на сите времиња во историјата на кошарката официјално ја отвора новата сезона во вторник кога Филаделфија е домаќин на бранителот на титулата Њујорк Никс.

Сепак, се чини дека најважниот натпревар за Џејмс овие денови ќе се игра надвор од теренот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Леао: Јамал е меѓу најдобрите во светот, сакам да ја освои „Златната топка“

Португалецот Рафаел Леао го пофали Ламин Јамал, велејќи дека...

Антетокунмпо: Чувствувам дека Мајами е организација која ќе го извлече најдоброто од мене

Грчкиот кошаркар Јанис Антетокунмпо денес изјави дека му е...

Aprilia ги именува двете патеки што го загрижуваат во борбата со Марк Маркез

Техничкиот директор на Aprilia, Фабијано Стерлакини, ги именуваше двете...

„Еден од нив ќе мора да го напушти Реал!“ Што се зборува зад затворени врати во Мадрид?

Според угледниот британски весник „The Athletic“, раководството на Реал...