Никола Јокиќ го направи потегот за кој најмногу се зборуваше на социјалните мрежи денес во предсезонскиот натпревар на Денвер Нагетс против Чикаго Булс.
Во втората четвртина, по дефанзивен скок, српскиот кошаркар испрати додавање од речиси целиот терен до Арон Гордон, кој ја смести топката во кошот.
НБА го објави видеото на своите официјални профили, а навивачите и аналитичарите го споредија Јокиќ со квотербек во американскиот фудбал.
Nikola Jokić with a near-fullcourt dime to Aaron Gordon 🃏
The Joker has 16 PTS and 6 AST at the break in preseason action! https://t.co/qBdomoCPpV
— NBA (@NBA) October 12, 2026
„Ставете го во Бронкос наместо Бо Никс“, напиша еден навивач, алудирајќи на квотербекот на НФЛ тимот од Денвер.
Денвер славеше со 133:128, иако Чикаго водеше со 68:59 на полувремето.
Јокиќ запиша „трипл-дабл“ за 26 минути на теренот со 22 поени, 11 скока и 10 асистенции, а го достигна пред крајот на третата четвртина. Гордон беше најефикасен во Денвер со 25 поени.
По натпреварот, Јокиќ зборуваше за тоа што му е важно додека го гледаше натпреварот од клупата.
„Сакам да победувам и ми се допаѓа кошарката. Секој ден, деталите се важни, особено кога играат млади играчи. Убаво е да се види како учат и колку се грижат, и тоа ми се допаѓа“, рече Јокиќ.


