Олимпијакос скапо ја плати победата над Монако – четворица повредени!

Кошаркарите на Олимпијакос го демолираа Монако со резултат од 91:70 во првиот натпревар од плејоф серијата на Евролигата, но се чини дека скапо ја платија таа победа.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарите на Олимпијакос го демолираа Монако со резултат од 91:70 во првиот натпревар од плејоф серијата на Евролигата, но се чини дека скапо ја платија таа победа.

На прес-конференцијата по натпреварот, тренерот на Атињаните, Јоргос Барцокас, изјави дека дури четворица кошаркари се здобиле со повреди, а прашањето е од каков степен се.

Меѓу нив се Саша Везенков, Тајлер Дорси, Тајсон Ворд и Кори Џозеф, меѓу кои првите тројца се апсолутни лидери во играта на Олимпијакос, додека Џозеф е исто така сè поважен „запчаник во машината“.

Јутјуб/Принтскрин/Евролига

Везенков доби удар од Алфа Дијало, случајно, но не беше безопасен. Дорси незгодно слета на паркетот. Ворд има проблем со грбот, а Џозеф доби лакт во главата.

„Ворд го повреди грбот и отиде во соблекувалната во четвртата минута, а по тоа беше одлука 50-50 дали може да продолжи. Дорси го извитка глуждот. Кога излезе, мораше веднаш повторно да игра за да не му се излади ногата, но во тој момент, со водство од 20 поени, решив да не го враќам во игра. Саша Везенков доби исеченици на лицето и му беа потребни конци, а Кори Џозеф исто така имаше повреда на лицето“, сподели тренерот на грчкиот тим по мечот.

Вториот натпревар од серијата ќе се игра во четврток во 20 часот, а според изјавите, се чини дека овие четворица кошаркари ќе бидат подготвени, без оглед на проблемите што ги снашле.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...