Петков за Барокал: На секоја репрезентација би и одговарал шпанскиот стил на игра

Младиот кошаркарски репрезентативец, Марин Петков делува оптимистички пред пред почетокот на февруарскиот ФИБА „прозорец“ во кој Македонија ќе одигра два натпревари кои се дел од програмата од групата „А“, од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година

Прегледи:

Датум:

Младиот кошаркарски репрезентативец, Марин Петков делува оптимистички пред пред почетокот на февруарскиот ФИБА „прозорец“ во кој Македонија ќе одигра два натпревари кои се дел од програмата од групата „А“, од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

За утрешниот натпревар со Луксембург, очекува победа.

„Знаеме дека Луксембург е добра репрезентација, како и ние, имаат две победи во првиот круг, Така што победата е доста важна. Може да кажам дека би била и најважната во овие два меча кои следуваат“, истакна тој, цитиран од КФСМ.

Вели дека полека „се навикнуваат“ на барањата на новиот селектор, Жозеп Мариа Берокал и неговите соработници.

„Интересно е на тренинзите. Тоа е прво. Системот е сличен, но и различен. Овие два-три дена поставивме некои планови за игра во одбрана, и планови за играта во нападот. Мислам дека на секоја репрезентација би и одговарал шпанскиот стил на игра. Се знае дека Шпанците се една од подобрите кошаркарски земји, заедно со САД и Србија. Оттука, стилот на игра сигурно е дека ќе изгледа добро, дека ние ќе изгледаме добро. И секако, одиме на победа“, верува Петков во успехот на нашата селекција.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Шампионот на Отвореното првенство на САД лесно се пласира во осминафиналето

Карлос Алкараз продолжува со одбраната на титулата на Отвореното...

Мурињо по поразот на Реал: Бетис играше за реми, но имаше среќа и победи

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го коментираше поразот...

Серена и Венус елиминирани откако водеа 5-0 во шампионскиот тајбрејк

Враќањето на Серена и Венус Вилијамс како двојка на...

Циципас се пласира во првото осминафинале на УС Опен

Стефанос Циципас го победи 18-тиот носител Јиржи Лехечка со...