Познати сите двојки за плејофот на Евролигата: Барселона елиминирана од Монако

Во последниот дуел од плеј-инот на Евролигата, кошаркарите на Монако ја победија Барселона со резултат од 79:70 и со тоа станаа последни учесници во плеј-офот на најелитното кошаркарско натпреварување во Европа

Прегледи:

Датум:

Во последниот дуел од плеј-инот на Евролигата, кошаркарите на Монако ја победија Барселона со резултат од 79:70 и со тоа станаа последни учесници во плеј-офот на најелитното кошаркарско натпреварување во Европа.

Монако го контролираше натпреварот во кој водеше од првата до последната минута и на крајот заслужено ја елиминираше Барселона задавајќи ѝ голем удар.

Даниел Тајс го предводеше Монако со 16 поени, додека Мајк Џејмс имаше 13 поени и 10 асистенции. Вил Клајбурн постигна 16 за Барселона.

Со ова, сите двојки за плеј-офот на Евролигата се комплетирани, а Монако оди кај најдобриот тим од регуларната сезона, а тоа е Олимпијакос. Исто така, Грците ќе имаат предност на домашен терен.

Ова се двојките за плеј-офот на Евролигата:

Олимпијакос – Монако
Валенсија – Панатинаикос
Реал Мадрид – Хапоел Тел Авив
Фенербахче – Жалгирис

Плејофот на Евролигата започнува на 28 април, а конечниот решавачки дуел е закажан за 13 мај.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...