ТФТ загуби 36 разлика од Пелистер

Екипата на Пелистер го доби дерби дуелот на третото коло од ТОП 8 фаза во Супер лигата, откако во заостанатиот меч славеше убедлива победа над водечката екипа во првенството ТФТ со 105:69 (66:37).

Прегледи:

Датум:

Екипата на Пелистер го доби дерби дуелот на третото коло од ТОП 8 фаза во Супер лигата, откако во заостанатиот меч славеше убедлива победа над водечката екипа во првенството ТФТ со 105:69 (66:37).

„Пелистерци“ имаа апсолутна доминација, и изненадувачки лесно славеа против лидерот и финалистот на АБА 2 лигата.

По 20 поени реализираа Дејвис и Вилсон, Џенкинс даде 18, Малешевиќ имаше 11 и 12 скока.

Во гостинскиот тим Стојаноски даде 16 поени), Дејвис имаше 15, а Зафиров и Ташовски по десет.

По овој пораз останува „отворено“ прашањето за тоа која екипа ќе биде првопласирана во регуларниот дел од сезоната.

Ова е 17 победа во сезоната за тимот од Битола (имаат и осум порази), додека ТФТ сега има скор 21-4, каков што има и екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...