Претседателот на Панатинаикос бесен како рис: „Атаман и сите играчи да поднесат оставка“

Прегледи:

Датум:

Претседателот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, имаше остра порака до своите играчи и тренерскиот штаб откако „зелените“ загубија од Арис во грчкото првенство со 83:80.

Турскиот тренер на тимот беше исклучен поради жалба до судиите, што дополнително ја влоши ситуацијата во тимот. Лут поради исходот, Јанакопулос брзо се огласи и ги критикуваше сите одговорни за лошата игра и неуспехот.

Првиот човек на Атињаните се обрати до клубот преку видео порака на својот Инстаграм профил. Накратко, тој им порача на сите тренери и играчи да го напуштат клубот.

„Главни тренери, помошници, дали воопшто знаете за кого играте? Ова е Панатинаикос. Се надевам дека кога ќе се вратите во Атина, сите ќе поднесете оставка ако имате образ. Истото важи и за играчите“, порача ексцентричниот Јанакопулос.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/ЕРТ

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...