Петта европска лига за легендарниот напаѓач – Имобиле стана „парижанец“

Прегледи:

Датум:

Дебитантот во Лига 1, Париз ФК, објави дека потпишал договор со напаѓачот Чиро Имобиле од Болоња на слободен трансфер. Договорот на Италијанецот важи до летото 2027 година.

Ова за Имобиле ќе биде настап петта различна лига, носејќи го дресот со број 36. Во својата татковина, искусниот фудбалер играше за Јувентус, Сиена, Гросето, Пескара, Џенова, Торино, Лацио и Болоња, во Шпанија го носеше дресот на Севиља, во Германија на Борусија Дортмунд, а во Турција ги бранеше боите на Бешикташ.

35-годишникот потпиша со Болоња минатото лето како слободен агент, но никогаш не се етаблираше во нивниот состав, откако одигра само 227 минути на 9 натпревари на кои не постигнал гол.

Фото: Х/Paris FC

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...

Тренерот на Махачев за Пратес: Тој е вистински ѕвер!

Тренерот на Ислам Махачев, Хавиер Мендес, не го криеше...