Редик: Максимумот на Хјустон е минимумот на Оклахома

Лос Анџелес Лејкерс направија подвиг во првото коло откако ги елиминираа Хјустон Рокетс. Тие беа подобро пласирани на табелата, тимот од Тексас го немаше Кевин Дурант во пет од шест натпревари, но Лејкерс беа без своите двајца најдобри играчи - Лука Дончиќ и Остин Ривс (вториот ги одигра петтиот и шестиот натпревар).

Прегледи:

Датум:

Лос Анџелес Лејкерс направија подвиг во првото коло откако ги елиминираа Хјустон Рокетс. Тие беа подобро пласирани на табелата, тимот од Тексас го немаше Кевин Дурант во пет од шест натпревари, но Лејкерс беа без своите двајца најдобри играчи – Лука Дончиќ и Остин Ривс (вториот ги одигра петтиот и шестиот натпревар).

Сега доаѓа уште потешка задача. Практично невозможна мисија… бидејќи Лејкерс се соочуваат со серија со Оклахома Сити Тандер. Актуелниот шампион ги победи Феникс Санс со 4:0, а интересно е што ги добија и сите четири натпревари против Лејкерс во текот на регуларната сезона.

Јасно е дека шансите на тимот од Калифорнија не се големи. Сепак, тренерот Џеј Џеј Редик не обрнува внимание на тие дуели.

„Не можеме ништо да научиме од тие натпревари бидејќи бевме ужасни“, искрен беше тој.

Вистина е дека Лејкерс не беа добри против Оклахома, губејќи со просек од 29,3 поени. Сепак, Редик знае што треба да направи неговиот тим.

„Да не ја предаваме топката лесно. Реалноста е дека кога Хјустон врши притисок врз нас, кога тие вршат максимален притисок врз нас – тоа е минимумот на Оклахома. Тоа е нивниот терен.“, порача тренерот на „езерџиите“.

Колку можат да направат Лејкерси ќе зависи од играта на мветеранот Леброн Џејмс. Но сепак едно е сигурно – Оклахома не е Хјустон.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...