Селцова пред мечот со Данска: „Мотивирани сме, треба да дадеме се од себе за победа“

Женската сениорска репрезентација на Македонија го продолжува својот пат кон Европското првенство кое во 2027 година ќе се игра во четири земји. Белгија, Финска, Литванија и Шведска.

Прегледи:

Датум:

Женската сениорска репрезентација на Македонија го продолжува својот пат кон Европското првенство кое во 2027 година ќе се игра во четири земји. Белгија, Финска, Литванија и Шведска.

Денеска, нашиот женски сениорски национален тим ќе го одигра четвртиот натпревар од групната фаза, дел од групата „Ф“ од квалификациите за Евробаскeтот 2027 година, а за противник ја има селекцијата на Данска.

Селекторот Александар Ашаданов вечерва нема да може да смета на искусната Ивана Кметовска, но и на Матеа Николиќ, кои беа дел од тимот кој славеше со минимални (79:78) на средбата во СРЦ „Кале“.

Со оглед на тоа дека Анџелика Митрашиновиќ се повлече, извесно е дека Илина Селцова ќе ја преземе улогата на организатор на играта.

„Ни следува тежок натпревар на гостински терен со Данска, Ние овој пат одиме со доста подмладена екипа. Како што сите знаете, нашиот капитен Анџелика Митрашиновиќ, која ја имаше главната улога во репрезентацијата, се пензионираше. Но секако ние сме мотивирани, со желба, и голема борба, да пробаме да ја добиеме репрезентацијата на Данска, која веќе еднаш ја победивме кај нас на домашен терен. Зошто да не биде така и со вака подмладен состав. Сепак се работи за нашата земја, играме за неа, треба да дадеме се од себе“ – вели Селцова пред вечерашниот дуел, цитирана од КФСМ.

Натпреварот кој се игра во „Гентофте Спортпарк“ во близина на Копенхаген, почнува од 18.30 часот по македонско време.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...