Шефот на Макаби Тел Авив ги демантираше гласините за Обрадовиќ

Во врска со шпекулациите за доаѓањето на српскиот тренер, Жељко Обрадовиќ во Хапоел Тел Авив, се огласи и директорот на тимот.

Прегледи:

Датум:

Во врска со шпекулациите за доаѓањето на српскиот тренер, Жељко Обрадовиќ во Хапоел Тел Авив, се огласи и директорот на тимот.

Кахи Рајхенштајн нагласи дека не се водени никакви преговори со ниту еден тренер и дека Димитрис Итудис има целосна поддршка.

„Во текот на целиот процес, јасно му дадовме до знаење на тренерот Итудис дека му веруваме. Јас лично му кажав дека стоиме зад него. Во исто време, се обидовме да го намалиме дел од притисокот врз тимот. Јасно е дека поразите никогаш не се лесни, но гласините за замена на тренерот не ја одразуваа реалната состојба“, рече Рајхенштајн.

Хапоел долго време беше прв на табелата во Евролигата, но потоа следеше серија порази и сега се на петтото место.

„Нашата цел беше јасна – заедно да ја надминеме кризата. Не разговарав со ниту еден тренер, со никого не беа разменети никави нацрти, неговиот статус е стабилен, конкретен“, нагласи тој.

Сè е дополнително комплицирано од развојот на настаните на Блискиот Исток по нападот врз Иран од страна на израелско-американските сили.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...