Шекил О’Нил: Понекогаш мразам да ги гледам Лејкерс!

Легендарниот кошаркар, Шекил О’Нил ги критикуваше Лос Анџелес Лејкерси по нивниот пораз од 93-99 од Хјустон Рокетс во 5-тиот натпревар, истакнувајќи го огромниот недостаток на интензитет и обидите за „херојска игра“ на самиот крај од натпреварот

Прегледи:

Датум:

Легендарниот кошаркар, Шекил О’Нил ги критикуваше Лос Анџелес Лејкерси по нивниот пораз од 93-99 од Хјустон Рокетс во 5-тиот натпревар, истакнувајќи го огромниот недостаток на интензитет и обидите за „херојска игра“ на самиот крај од натпреварот.

Со овој триумф, Хјустон ја продолжи серијата и ја намали својата негатива на 3-2. Леброн Џејмс беше најпродуктивен за „езерџиите“ со 25 поени, што на крајот не беше доволно за победа.

Шекил О’Нил не штедеше критики откако Лос Анџелес Лејкерс ја пропуштија својата прва „топка за игра“ против Хјустон Рокетс.

„Понекогаш мразам да ги гледам Лејкерси затоа што на крајот се обидуваат да ја играат оваа „херојска кошаркарска игра“. Идејата е: „Добро, сега ќе почнеме да играме силно, и ако погодиме тројка и израмниме, ќе успее“. „Но, тоа не функционира така. Леброн го знае и го разбира тоа, но овие млади момци треба да го сфатат тоа. Публиката беше без енергија, играа без енергија, без интензитет. Немаа фокус и мило ми е што Рокетс ги победија. Знаеме што е потребно за да се освои титула. Леброн го знае тоа. Изненаден сум што не излегоа со таков пристап и напор, крајно сум разочаран од Лејкерс“, изјави Шек за ESPN.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...