Сопствениците на Њукасл сакаат во НБА Европа!

Иако со месеци се повеќе се зборува за формирање на НБА Европа, сè уште не е кристално јасно кои клубови би учествувале, но веќе е добро познато дека Обединетото Кралство е пазар кој ќе има значително влијание врз целото натпреварување

Прегледи:

Датум:

Иако со месеци се повеќе се зборува за формирање на НБА Европа, сè уште не е кристално јасно кои клубови би учествувале, но веќе е добро познато дека Обединетото Кралство е пазар кој ќе има значително влијание врз целото натпреварување.

Лондон и Манчестер се најатрактивни во овој поглед, но британски „Атлетик“ објави дека Инвестицискиот фонд (PIF), кој е сопственик на Њукасл Јунајтед, би можел да игра голема улога.

Станува збор за конзорциум од Саудиска Арабија кој го купи клубот од северна Англија во октомври 2021 година, а сега нивните амбиции се протегаат на голем проект од НБА лигата во Европа, меѓутоа, неговото седиште нема да биде во Њукасл, туку во Лондон.

Ова наводно е една од големите желби на Адам Силвер и неговите соработници и потенцијално би можела да се исполни во блиска иднина.

Дека приказната е сериозна укажува и фактот дека PIF е подготвен да изгради сосема нова арена во Лондон, што е еден од предусловите за силно европско натпреварување под покровителство на НБА и едно од барањата што Адам Силвер ги има за потенцијалните учесници.

Сè треба да биде познато до крајот на месецот, бидејќи последниот ден од март е крајниот рок за потенцијалните инвеститори да достават необврзувачки понуди.

Ова е еден од неопходните услови за активирање на проектот за кој комесарот на НБА, Адам Силвер, зборува сè погласно во последно време.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Евролигата до НБА: Две паралелни лиги би биле катастрофа

Евролигата останува отворена за разговори со Националната кошаркарска асоцијација...

Крос за играта на Баерн: „Го исклучив телевизорот по 30 минути, беше брутално“

Легендарниот германски фудбалер Тони Крос беше воодушевен од настапот...

Компани има сериозни здравствени проблеми

Баерн Минхен би можел да биде без тренерот Винсент...