Струмица 2001, Борец баскет, Соколи 1933 и Бутел ќе се борат за пласман во кошаркарската Супер лига

Претстојниот викенд почнува доигрувањето за едно место кое во наредната натпреварувачка сезона води во кошаркарската Супер лига.

Прегледи:

Датум:

Претстојниот викенд почнува доигрувањето за едно место кое во наредната натпреварувачка сезона води во кошаркарската Супер лига.

Четирите најдобри екипи по втората одиграна фаза во Првата македонска лига, Струмица 2001, Борец баскет, Соколи 1933 и Бутел, ќе се борат за суперлигашки билет.

Од сабота, стартува полуфиналната серија која ќе се игра според принципот „подобар од три“, која треба да ги даде и двата финалисти.

Во саботниот термин, од 17.часот, во салата „Никола Карев“, ќе се сретнат екипите на Струмица 2001 и Борец баскет, прво и четвртопласираната екипа во регуларниот дел од сезоната. Струмичани стартуваат од најдобрата почетна позиција поради подобриот меѓусебен скор кој го имаа во дуелите со Соколи 1933, и согласно со тоа, ќе ја имаат предноста на домашен терен во серијата со прволигашот од Велес.

Еден ден подоцна, од 19.часот, во Штип ќе почне и втората полуфинална серија, онаа во која ќе разигруваат екипите на Соколи1933 и Бутел, оние кои завршија на втората, односно третата позиција.

Штипјани ја имаат предноста која ја дава домашниот терен, и во случај на нерешен резултат во првите два натпревари, „мајсторката“ ќе биде на нивниот терен во салата „Јордан Мијалков“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...