Темелковски ја „напушта“ кошарката: По 8 години работа, 2 откази – еден на сила и еден сега спогодбено

Прегледи:

Датум:

Поранешниот спортски директор на Кошаркарската федерација (МКФ) си заминува на својот Фејсбук профил сподели дека прави пауза од кошарката.
„По 8 години работа, 2 откази – еден на сила и еден сега спогодбено, дојде време да направиме пауза од Кошарката“, истакна синот на поранешниот прв човек на македонската кошарка Зоре Темелковски.

„Влегов во кошаркарската приказна со голема љубов, верба, планови и очекувања во кошарката, си заминувам за жал со разочарување од постигнатото и со мало каење што не добив шанса и можност да го промениме погубниот систем во кошарката, во кој 100% тврдам дека нема победници туку има само моментално преживеани.

Се надевам и одбирам да верувам во визијата и правецот на новото раководство дека ќе успеаат да најдат начин да ја сменат и подобрат кошаркарската реалност во која за жал или за среќа( времето ќе покаже) немаше место за мене.

Сакам да ги видам нашите момци на Европско или Олимпијада и сакам да видиме нов Перо во НБА или нов МВП на Европа како Пеце и Врба“.
Тој се заблагодари за соработката на сите претседатели под кои работел, на сите колеги и колешки, сопственици на клубови и тренери како и судии и играчи со кој што работел и соработувал изминативе 8 години и им посака успех и успеси во наредниов период.

„Ја сакам и ќе ја сакам кошарката и знам дека ова е само моментална пауза, а не крај на мојата Кошаркарска Приказна“, додаде Темелковски.

Фото: Фејсбук/Владимир Темелковски

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...