„Тоа е мојот сон“: Букер заинтересиран за НБА Европа

Кошаркарот на Финикс Санс, Девин Букер, изјави дека би сакал да биде дел од проектот НБА Европа во иднина, дури и како сопственик на клуб или тренер

Прегледи:

Датум:

Кошаркарот на Финикс Санс, Девин Букер, изјави дека би сакал да биде дел од проектот НБА Европа во иднина, дури и како сопственик на клуб или тренер, бидејќи верува дека формирањето на ново натпреварување на Стариот континент би бил „убав начин за понатамошен развој на кошарката“.

Букер ја поминал целата своја кариера во Финикс, франшизата што го драфтуваше, но призна дека идејата за работа во Европа му е многу привлечна.

По поразот на Санс од Торонто Репторс во Канада, Букер разговараше со шпански „Мундо Депортиво“ за можноста еден ден да биде вклучен во НБА Европа.

„Да, секако. Мојот сон е еден ден да поседувам спортски клуб во одредена лига и се надевам дека ќе го остварам тоа“, рече Букер.

Тој нагласи дека би сакал на некој начин да учествува во развојот на кошарката во Европа.

„Можеби како тренер, не знам дали би играл. Ја сакам Европа. Секое лето поминувам две или три недели таму. Проширувањето на играта и создавањето нова лига во Европа би било нешто прекрасно“, рече Букер.

Американскиот бек откри и каде најмногу би сакал да работи ако идејата се реализира.

„Можеби во Шпанија, како Марбеља. Или можеби во Грција. Сè уште не сум бил во Мадрид, но слушнав дека е прекрасно. Бев во Барселона и таму се забавував одлично“, заклучи Букер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Шампионот на Отвореното првенство на САД лесно се пласира во осминафиналето

Карлос Алкараз продолжува со одбраната на титулата на Отвореното...

Мурињо по поразот на Реал: Бетис играше за реми, но имаше среќа и победи

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го коментираше поразот...

Серена и Венус елиминирани откако водеа 5-0 во шампионскиот тајбрејк

Враќањето на Серена и Венус Вилијамс како двојка на...

Циципас се пласира во првото осминафинале на УС Опен

Стефанос Циципас го победи 18-тиот носител Јиржи Лехечка со...