ПМФЛ: Вардар со минимален триумф над Брера, Струга ТЛ ја победи Македонија ЃП

Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Вардар попладнево ја победи Брера со 1:0

Прегледи:

Датум:

Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Вардар попладнево ја победи Брера со 1:0.

Клучниот момент се случи во судиското продолжение од натпреварот кога Спахиу шутираше, Велков блокираше со рака по што беше досуден удар од 11 метри. Сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Горан Закариќ.

Во текот на целиот натпревар Вардар имаше инцијатива, но домаќинот не создаде ниту една посериозна шанса за гол.

Струга Трим Лум оствари убедлива победа од 3-0 против Македонија ЃП во првиот натпревар од 23.коло во Првата фудбалска лига. Стружани решија сѐ за едно полувреме, постигнаа три гола и ги заслужија трите бода.

Меметриза Хамза го отвори резултатот во седмата минута, а Бесмир Бојку зголеми на 2-0 во 26.минута. Третиот гол беше дело на Стефан Јевтоски во 41.минута од дуелот.

Во второто полувреме, Струга Трим Лум имаше уште неколку шанси, преку Малески, Јевтоски, Шабани, но остана резултатот од првиот дел, 3-0.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...