Вембањама прогласен за МВП на Западот: „Сакаме уште четири победи. Не сме готови“

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама беше прогласен за најкорисен играч на финалето на Западната конференција. Тимот од Тексас ја победија Оклахома во седмиот натпревар, симнувајќи ги од тронот, и се пласираа во финалето на НБА каде што ќе се соочат со Њујорк Никс

Прегледи:

Датум:

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама беше прогласен за најкорисен играч на финалето на Западната конференција. Тимот од Тексас ја победија Оклахома во седмиот натпревар, симнувајќи ги од тронот, и се пласираа во финалето на НБА каде што ќе се соочат со Њујорк Никс. Французинот, сосема заслужено, ја однесе наградата за МВП откако имаше просек од 27,3 поени, 10,9 скока и 2,7 асистенции во седум натпревари од финалето.

„Ова чувство, не можам да го опишам. Толку е моќно“, рече ентузијастичниот Вемби по натпреварот во Оклахома.

Ако имаше еден тим што можеше да ги елиминира претходните шампиони на патот до финалето, тоа дефинитивно беа Спарс. Во 12 дуели со Тандер оваа сезона, „Спарси“ победија осум пати! Конечно, и во овој најважен натпревар.

Апетитите растат. Сан Антонио сега ја сакаат титулата што ја чекаа од 2014 година.

„Сакаме уште четири победи. Не сме готови“, додаде Вембли.

Важно е да се напомене дека Сан Антонио дојде од дефицит од 3-2 за конечно да триумфира над Оклахома Сити. Имаше две последователни победи со камбек, една во Тексас и последната на теренот на шампионите од минатата сезона.

Вембањама се најде во прегратките на своите соиграчи на крајот.

„Тој е најдобриот играч во светот“, рече Стефон Касл.

Ова беше седмата шампионска титула на Спарси во Западната конференција и тие ќе се борат против Никсите за нивната шеста НБА титула во историјата на франшизата.

Исто така, вреди да се спомене дека Сан Антонио е најмладиот тим што играл во финале на конференција.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...