Вембањама сруши рекорд стар 60 години

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама го постигна најбрзиот „дабл-дабл“ во историјата на НБА, во победата на Сан Антонио над Чикаго Булс (129:114) изминатава ноќ

Прегледи:

Датум:

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама го постигна најбрзиот „дабл-дабл“ во историјата на НБА, во победата на Сан Антонио над Чикаго Булс (129:114) изминатава ноќ.

Лидерот во трката за МВП го заврши натпреварот со 41 поен и 16 скока, а достигна двоцифрен број во обете статистички категории на почетокот на втората четвртина.

Поточно, по осум минути и 31 секунда на паркетот, кога „фати“ 10 скока.

Со тоа, тој го надмина 60-годишниот рекорд, поставен во 1966 година од Џим Вашингтон. На тогашниот член на Сент Луис Хокс му беа потребни девет минути за „дабл-дабл“ против Њујорк Никс.

Со одличен почеток, Вембањама ја постави сцената за личен рекорд во постигнувањето поени за сезоната, а воедно ја оправда и својата позиција во конечната анкета за МВП пред Никола Јокиќ и Шеј Гилџиус-Александар.

Оваа сезона, Вембањама има просек од 24,2 поени, 11,3 скока и три асистенции.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...