Атаман остар кон судиите по дербито со Олимпијакос: Ова не беше кошарка, ова беше театар!

Турскиот стручњак Ергин Атаман не штедеше критики кон судиите по поразот на неговиот тим во големото атинско дерби

Прегледи:

Датум:

Дерби натпреварите во Атина ретко минуваат без контроверзии, а и овој пат тоа не беше исклучок. Олимпијакос го победи Панатинаикос на гостински терен со 101:94, со што ја потврди својата доминација во грчката кошарка оваа сезона. Сепак, спортскиот резултат остана во сенка на бројни инциденти на и надвор од теренот.

Сè започна со испадите на Димитрис Јанакопулос на социјалните мрежи, каде што испрати остри пораки до судиите и националната телевизија. Набрзо следеше официјално соопштение на Панатинаикос како одговор на поплаките што Олимпијакос ги упати за настаните во првото полувреме.

„Кога ќе проговорите за навредите кон Димитрис Јанакопулос и неговата ќерка на секој натпревар во вашата сала? А што е со Костас Слукас и неговата сопруга, или нашиот тренер Ергин Атаман? Секако, веројатно никогаш. Од таков клуб доаѓа грубост без граници“, се вели во соопштението на Панатинаикос.

Ситуацијата ескалираше во текот на првото полувреме кога Кендрик Нан и Тајлер Дорси влегоа во вербална расправија. Инцидентот кулминираше кога Матијас Лесор го искина дресот на грчкиот репрезентативец, а тензиите стивнаа едвај на крајот на полувремето.

„Ова беше театар, а не кошаркарски натпревар“

Двајцата играчи, Нан и Дорси, беа исклучени, а реакцијата на Ергин Атаман не изостана. Во кратка изјава за националната телевизија ЕРТ, на пат кон соблекувалната, тој рече:

„Ова беше театар, а не кошаркарски натпревар. Денес не можеме да зборуваме за кошарка“.

На прес-конференцијата, турскиот тренер продолжи со критиките, осврнувајќи се на екипата на Олимпијакос и судењето.

„Би сакал да ве прашам – можат ли Дорси и Вокап да играат заедно за репрезентацијата во исто време? Не можат, бидејќи двајцата се натурализирани играчи. Но, тука во лигата можат. Не мислам дека тоа се случува во други земји. Везенков игра за бугарската репрезентација. Тројца од нив, плус шест странци, плус три судии… Многу ни е тешко да победиме“, порача Турчинот.

„Се обидовме, но не ни дозволија“

Потоа сподели детаљ од разговорот со еден од судиите.

„Беше и малку комично, бидејќи кога го прашав едниот судија во првото полувреме зошто не досуди очигледен фаул, а другиот досуди, тој одговори: „Тренеру, ова ми е прво грчко дерби“. Му реков: „Одлично почна, ќе бидеш во сите следни дербија ако продолжиш вака“.

Горд сум на моите играчи бидејќи се бореа во второто полувреме. Оваа игра не менува ништо. Се обидовме, но не ни дозволија. Им реков на играчите дека не ми е гајле, најважни се следните три гостувања во Евролигата“, продолжи Атаман.

Јутјуб/Принтскрин/Евролига

„Ништо повеќе од обичен натпревар“

Тренерот на победничкиот тим, Јоргос Баркокас, беше многу посмирен во својот говор.

„Ова не беше ништо повеќе од обичен игра. И двата тима беа ослабени, а Нан ​​и Дорси не играа во второто полувреме. Отсуството на Фурние ни создаде проблем на надворешната линија. И сепак, постигнавме над 100 поени. Да не падневме со играта во завршницата, разликата ќе беше 20 поени.

Го разбирам недостатокот на мотивација кај Панатинаикос бидејќи и тие имаат многу важен натпревар во Евролигата пред себе, исто како и ние. Тие играат во Софија, ние играме во Лион и мора да победиме. Ова беше натпревар што мора да се игра затоа што мора да се игра, но дербито секогаш носи посебна тежина. Крај е на сезоната, заморот е огромен и има уште многу што треба да се случи“, заклучи Баркокас.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...