Везенков ја одби Минесота и останa во Олимпијакос

Најдобриот играч на Олимпијакос, Саша Везенков, ја одби понудата на Минесота и останува во Пиреја, објавија грчките медиуми. Тимбервулвс неодамна го контактираа бугарскиот интернационалец и му понудија значајна улога во тимот, но тој одби

Прегледи:

Датум:

Најдобриот играч на Олимпијакос, Саша Везенков, ја одби понудата на Минесота и останува во Пиреја, објавија грчките медиуми. Тимбервулвс неодамна го контактираа бугарскиот интернационалец и му понудија значајна улога во тимот, но тој одби.

Везенков веќе се докажа во најсилната лига во светот, кога одигра 42 натпревари за Сакраменто во сезоната 2023/24, со просек од 5,4 поени и 2,3 скока за нешто повеќе од 12 минути на теренот.

Кралевите потоа го продадоа во Торонто, од каде се врати во Олимпијакос.

Минатата сезона, тој ги предводеше „црвено-белите“ до титулата европски шампион, а беше и најкорисен играч во Евролигата. Тој имаше просек од 19,4 поени, 6,6 скока и 1,3 асистенции по натпревар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...