Жалгирис го враќа „своето дете“ – центарот кој доминира оваа сезона

Жалгирис од Каунас веќе почна да го составува тимот за следната сезона, а првото големо засилување е на повидок

Прегледи:

Датум:

Жалгирис од Каунас веќе почна да го составува тимот за следната сезона, а првото големо засилување е на повидок.

Литванскиот гигант го договори доаѓањето на Марек Блажевич, 24-годишен центар кој има одлична сезона зад себе во Тофас.

Блажевиќ беше еден од најдоминантните високи играчи и во Лигата на шампионите на ФИБА и во турското првенство.

Во БЦЛ, тој забележа 15,6 поени и 6,6 скока со речиси 67 проценти шут од поле, што го рангираше меѓу најдобрите во лигата во неколку статистички категории, вклучувајќи ги и дабл-дабл перформансите.

Тој продолжи со исто темпо во Турција, каде што имаше просек од 14,9 поени и 7 скока, со импресивни 69 проценти реализација за два поени.

Интересно е што ова нема да биде прв мандат на Блажевич во Жалгирис – тој веќе го носеше дресот на клубот од 2020 до 2022 година.

Покрај тоа, тој е редовен член на литванската репрезентација, за која даде солиден придонес на Евробаскет 2025.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...