Ален Рустемовски со бронза во Таранто

Ален Рустемовски беше поразен во полуфиналето од Шпанецот Марин Ернандез на боксерскиот турнир во категоријата до 60 килограми

Прегледи:

Датум:

Ален Рустемовски беше поразен во полуфиналето од Шпанецот Марин Ернандез на боксерскиот турнир во категоријата до 60 килограми. Рустемовски не успеа да се пласира во големото финале, откако во израмнета борба во сите три рунди загуби од Ернандез со одлука на судиите од 4:1. Со тоа, македонскиот боксер настапот на Медитеранските игри 2026 го завршува со бронзен медал.

Медалите во машката конкуренција до 60 килограми ќе бидат доделени денеска, а честа да им ги додели одличјата на најдобрите боксери ќе ја има претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски.

До полуфиналето Рустемовски стигна по одличниот настап во четвртфиналето, во кое со технички нокаут го совлада албанскиот боксер Ариол Зенели.

Со бронзата на Рустемовски, Македонија досега има вкупно пет освоени медали на Медитеранските игри во Таранто. Во борење сребрени медали освоија Фати Вејсели и Реџеп Хајдари, додека бронзени одличја освоија Ахмад Магомедов и Вероника Консевиќ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Дортмунд го продолжи договорот со Ковач до 2029 година

Борусија Дортмунд го продолжи договорот со тренерот Нико Ковач...

Јувентус не се откажува: Случајот против Роналдо оди на Врховен суд

Правниот спор меѓу Јувентус и Кристијано Роналдо за неисплатените...

Пет години саудиски Њукасл: 1,3 милијарди евра во потписи, милиони загуби и стадион продаден сам на себе

Поминаа пет години откако Саудијците го купија Њукасл. Во...

НАСКАР ќе состави 80 тркачки автомобили за продолжение на култен филм

Извршниот директор на НАСКАР, Стив О'Донел, откри големи планови...