Норвешка доминираше на Зимските олимписки игри, домаќините освоија 10 златни медали

Повеќе од 2.000 спортисти се натпреваруваа во 16 спортови на Зимските олимписки игри 2026, кои официјално се затворија синоќа. Најуспешна нација беше Норвешка, која доминираше на подиумот

Прегледи:

Датум:

Повеќе од 2.000 спортисти се натпреваруваа во 16 спортови на Зимските олимписки игри 2026, кои официјално се затворија синоќа. Најуспешна нација беше Норвешка, која доминираше на подиумот.

Норвежаните го срушија сопствениот рекорд со 18 златни медали, завршувајќи на врвот на вкупната табела на медали по четврти пат по ред.

Соединетите Американски Држави се најдоа на второто место и по златни и по вкупен број медали.

Нивното 12-то злато, го освоија во машки хокеј на мраз со победа над Канада во текот на вчерашниот ден.

Следеше домаќинот Италија, која освои 10 златни медали, шест сребрени и 14 бронзени во Милано и Кортина.

Следна е Германија со осум златни, 10 сребрени и осум бронзени медали, додека првите пет ги затвора Јапонија, која се враќа од Италија со пет златни олимписки медали, седум сребрени и 12 бронзени.

Најуспешниот спортист на овие Игри и најдобриот скијач на сите времиња е Норвежанецот Јоханес Хоесфлот Клаебо, кој освои шест златни медали.

Треба да се додаде дека Милано и Кортина д’Ампецо ќе бидат домаќини и на Параолимписките игри во 2026 година од 6 до 15 март, каде што спортистите ќе се натпреваруваат во шест спортови: алпско скијање, крос-кантри скијање, биатлон, сноубординг, хокеј на мраз и карлинг во инвалидски колички.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...