Прва победа на одбојкарската репрезентација на Македонија во Европската лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во овогодинешното издание од Европската лига, откако во вториот натпревар со 3:1 (23:25, 25:21, 25:20, 25:13) го победи Луксембург пред својата публика во салата „Парк“ во Струмица

Прегледи:

Датум:

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во овогодинешното издание од Европската лига, откако во вториот натпревар со 3:1 (23:25, 25:21, 25:20, 25:13) го победи Луксембург пред својата публика во салата „Парк“ во Струмица.

Избраниците на Јошко Миленкоски се мачеа да го скршат отпорот на противникот во првиот сет, а техничките грешки беа причината што истиот го загубија на разлика 23:25. Во продолжението квалитетот, но и истрајноста на нашите одбојкари дојде до израз и со комплетен превсрт стигнаа до победата.

Капитенот Никола Ѓоргиев со 30 поени беше прв поентер на натпреварот, додека средниот блокер Филип Савовски броеше до 11. Покрај нив Владо Милев реализираше осум поени, Лука Костиќ седум, Стојан Илиев шест, додека Филип Маџунков имаше четири поени.

Македонија следната недела патува за Атина каде го игра вториот турнир од Европската лига 2026 против домаќинот Грција и Исланд.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...