Јувентус постигна договор со напаѓачот на Атлетико Мадрид

Јувентус постигна договор со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Александар Сорлот, во врска со неговите лични услови, објавија Фабрицио Романо и Николо Шира

Прегледи:

Датум:

Јувентус постигна договор со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Александар Серлот, во врска со неговите лични услови, објавија Фабрицио Романо и Николо Шира.

Станува збор за договор од 3+1 години со плата од 4 милиони евра по сезона. Сепак, „Старата дама“ сè уште треба да постигне договор со „јорганџиите“, а преговорите се очекува да се одржат следната недела.

Во меѓувреме, двата клуба продолжуваат да разговараат за потенцијалното останување на Николас Гонзалез во Атлетико. Тој играше како позајмен играч за Мадрид минатата сезона, и беа задоволни од него, но одбија да ја платат сумата договорена со Јувентус за перманентен трансфер, барајќи попуст на цената од 32 милиони евра.

Затоа, според Шира, можно е клубовите да се договорат за размена на двајцата играчи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...