Релиќ со нов бронзен медал од Инсбрук, Австрија

Прегледи:

Датум:

Нашата олимпијка Милијана Рељиќ го освои третото место и се закити со нов бронзен медал на еден од најстарите таеквондо натпревари во Европа – Австрија Г-1 Опен во Инсбрук, Австрија. Во категорија – 62 кг таа ја покажа својата врвната форма откако минатиот викенд, исто така, се закити со бронза на натпреварот во Фуџарија Г-2 Опен во Обединетите Арапски Емирати.

Во првата борба Рељиќ два пати ја победи репрезентативката на Сенегал, Фатима Менди, со по 5:0 во рунди. Во второто коло Мила ја победи украинката Марија Леонова, исто така, со 2:0 во рунди. Во третото коло извојува многу тесна, но значајна победа за освојување на бронзениот медал над хрватицата Хелена Кичема со 2:1 во рунди во неизвесна и исцрпувачка борба до самиот крај.

Имено, досега со Хелена Кичема се наптреварувала двапати и во меѓусебните дуели е 5:2. Во полуфиналето, кое се одржа само 10 минути по четврт-финалната борба, Мила беше поразена од Пољакињата Јулија Шпак со 0:2 во рунди.

„Исцрпувачката борба за медал не истошти и во оваа борба Мила имаше помалку фокус, иако во претходните 4 борби Мила немаше пораз од Шпак. Како и да е, ова се нови 3,60 поени за светската и олимписката ранг листа и со овие поени на мартовското рангирање очекуваме Мила да влезе во листата на најдобрите 10 во светот“, објаснува тренерот на Мила, Александар Ефтимов.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...