Шестто злато за Јоханес Клаебо! 11 олимписки титули за „летачкиот“ Норвежанец

Јоханес Хефслот Клаебо го испиша своето име со златни букви во историјата на Олимписките игри во Милано - Кортина!

Прегледи:

Датум:

Јоханес Хефслот Клаебо го испиша своето име со златни букви во историјата на Олимписките игри во Милано – Кортина!

„Летечкиот“ Норвежанец освои целосен сет од 6 златни медали на Игрите во Италија.

Клаебо ја освои и последната дисциплина во крос-кантри скијање – 50 км класичен стил, откако претходно триумфираше во првите 5 дисциплини во Милано – Кортина.

Актуелниот светски шампион во дисциплината од Трондхајм 2025 го сруши рекордот за титули на една Зимска Олимпијада што го држеше американскиот брзолизгач Ерик Хајден, кој победи на 5 од 5 дисциплини на Игрите во Лејк Плесид во 1980 година.

Клаебо (29) сега има и 11 златни медали на Зимските олимписки игри, надминувајќи го достигнувањето на неговите сонародници Марит Бјорген, Бјорн Дели и Оле Ејнар Брондален, кои имаат по 8, на 15 февруари.

Норвешка сега има рекордни 17 златни медали на една Зимска олимпијада.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...