Трансродовите жени нема да можат да настапуваат на Олимписките игри

Трансродовите жени повеќе нема да имаат право да се натпреваруваат на Олимписките игри откако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) усвои нови регулативи

Прегледи:

Датум:

Трансродовите жени повеќе нема да имаат право да се натпреваруваат на Олимписките игри откако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) усвои нови регулативи. Тие се во согласност со извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со женските дисциплини на Игрите во Лос Анџелес 2028 година.

„Правото за женските категории на Олимписките игри или други настани организирани од МОК, вклучувајќи индивидуални и тимски спортови, сега е ограничено на биолошки жени“, соопшти МОК, додавајќи дека полот на натпреварувачките „ќе се утврди врз основа на еднократен скрининг за SRY“. Новата регулатива, наведена во документ од 10 страници, ќе „ја заштити праведноста, безбедноста и интегритетот на женскиот спорт“, соопшти МОК.

Олимпискиот комитет и неговата претседателка, Кирсти Ковентри, се залагаат за јасна и специфична политика за трансродовите жени во спортот, наместо да им остават на поединечните спортски федерации да одлучат.

Атлетиката, пливањето и велосипедизмот веќе ги презедоа овие мерки пред Париз 2024 година, забранувајќи им на трансродовите жени учество на Олимписките игри.

Во документот на МОК се наведува дека луѓето родени со машки гениталии имаат физичка предност што не може да се изгуби.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...