Берлин постигна 51 гол против јуниорите на Еурофарм Пелистер

Германскиот гигант Фуксе Берлин се квалификуваше за „фајнал-фор“ на Јуниорската лига на шампионите на ЕХФ во Келн

Прегледи:

Датум:

Германскиот гигант Фуксе Берлин се квалификуваше за „фајнал-фор“ на Јуниорската лига на шампионите на ЕХФ во Келн.

По постигнувањето на 50 гола против Загреб во полуфиналето, Германците го декласираа и Еурофарм Пелистер со 51:21 (28:10) во финалето.

Најефикасен играч во победничкиот тим беше Лео Новак со 12 гола, додека Филип Анастасијадис и Марвин Кнуст постигнаа по шест. За Еурофарм Пелистер, Андреј Георгиев и Јован Симоновски покажаа најмногу со по пет гола.

Еурофарм Пелистер обезбеди место во „фајнал-фор“ минатата сезона со победите над Киелце и Динамо Букурешт.

Загреб го победи данскиот Алборг со 39:26 за третото место на турнирот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...