Унгарецот Мате ќе го засили ГРК Охрид: „Импресиониран сум од проектот и плановите за идниот период“

Унгарскиот репрезентативец Доминик Мате потпиша за тимот на ГРК Охрид. Тој игра на позицијата десен бек (202 см, 108 кг) и ќе го носи дресот со бр.23 следната сезона, соопштија од клубот.

Прегледи:

Датум:

Унгарскиот репрезентативец Доминик Мате потпиша за тимот на ГРК Охрид. Тој игра на позицијата десен бек (202 см, 108 кг) и ќе го носи дресот со бр.23 следната сезона, соопштија од клубот.

Доаѓа од екипата на Елверум која е прва во норвешкото првенство и бележи успеси во европската лига. Пред тоа настапуваше и за ПСЖ и Киелце, како и унгарскиот Балатон.

Има одлични настапи и еден од носителите на Унгарската репрезентација на сите светски и европски првенства.

„Мило ми е што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид. Од првиот разговор бев импресиониран од проектот и плановите за идниот период. Едвај чекам да ги запознаам фановите, се надевам дека ќе играм клучна улога во остварувањето на нашите цели, освојување на титула во лигата и што поголеми успеси во интернационалните натпреварувања“, изјави Мате.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...