Бомаштар потпиша со Вардар: „Еден од најдобрите клубови на Балканот, верувам дека ќе ги освоиме сите домашни трофеи“

Ракометниот клуб Вардар 1961 постигна договор со српскиот репрезентативен голман Милан Бомаштар (26), кој од следната сезона ќе го засили „црвено-црниот“ тим

Прегледи:

Датум:

Ракометниот клуб Вардар 1961 постигна договор со српскиот репрезентативен голман Милан Бомаштар (26), кој од следната сезона ќе го засили „црвено-црниот“ тим. Договорот е со важност од почетокот на сезоната 2026/27 и ќе трае две години.

Бомаштар е голман со меѓународно искуство и настапи на високо ниво, а во Вардар доаѓа како дел од планот за дополнително зајакнување на голманската линија и зголемување на конкуренцијата во тимот за домашните и европските предизвици.

Во моментов е член на француски Шартр, а зад себе има интернационално искуство и во Шведска каде беше дел од Шевде, и од Шпанија каде бранеше за Адемар Леон.

Новиот чувар на мрежата веќе ја истакна својата мотивација и амбиција по договорот со Вардар, потенцирајќи дека соработката со тренерот на голмани Марио Келентриќ ќе биде важен дел од неговиот развој и дека со нетрпение ја очекува атмосферата во „Јане Сандански“.

„Вардар е еден од најдобрите клубови на Балканот и многу сум среќен што ќе бидам дел од таков клуб. Мислам дека ова е чекор напред во мојата кариера и дека многу ќе ми значи соработката со Марио Келентриќ, кој е еден од најдобрите тренери на голмани. Со нетрпение ја очекувам можноста да го бранам голот пред фантастичните навивачи на Вардар во салата „Јане Сандански“, познати како едни од најдобрите во Европа. Македонската лига во последните неколку години израсна во една од најјаките лиги на Балканот. Верувам дека со Вардар ќе ги освоиме сите домашни трофеи и дека во Европа ќе се покажеме во најдобро можно светло“, изјави Бомаптар, цитиран од клубот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...