Нов успех на Алексовски на турнир во Грција

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски стигна до нова турнирска победа

Прегледи:

Датум:

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски стигна до нова турнирска победа.

Тој изминатава недела ја заврши со триумф во конкуренција на двојки на турнирот „Ексалко куп“ во Лариса каде заедно со Италијанецот Паоло Карочо завршија како победници. Турнирот беше од ранг категорија 3. Алексовски претходната недела оствари и сингл триумф на турнир во Солун, соопшти Тениската федерација на Македонија (ТФСМ).

На турнирот во Лариса, Македонија секако ќе имаше победник бидејќи во финалето ривали на Алексовски и Карочо им беа Македонецот Александар Грујиќ и Оливер Крупа, а заврши со победа од 2:0 во сетови (6-4 и 6-3) за Алексовски и Карочо.

Во поединечна конкуренција најдобар пласман од македонските тенисери имаше Грујиќ, кој стигна до четвртфиналето, додека Алексовски и Андреј Стојановски беа елиминирани во третото коло.

На турнирот настапи и Јована Вељановска во женска конкуренција.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...