Чупиќ пред Бенфика: Во Лига Европа мора да бидеме 300 на саат

Тренерот на РК Вардар 1961, Иван Чупиќ пред мечот со Бенфика денес од 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански“, кој е дел од главната фаза во Лига Европа, изјави дека „црвено-црните“ живеат само за овој натпревар.

Прегледи:

Датум:

Тренерот на РК Вардар 1961, Иван Чупиќ пред мечот со Бенфика денес од 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански“, кој е дел од главната фаза во Лига Европа, изјави дека „црвено-црните“ живеат само за овој натпревар.

„Живееме само за овој натпревар. Не не интересира што било, ниту што следи. Сакаме полн „Јане Сандански“ и да го покажеме нашето вистинско лице“, изјави Хрватот на прес-конференцијата пред натпреварот.

Целта, вели тој, е секогаш иста – да се бориме на сите полиња и да играме со најдобрите.

„Планот е јасен. Сите мора да дадат нешто повеќе. Во Лига Европа мора да бидеме 300 на саат. Нема луксуз, нема избор. Само работа, дисциплина и карактер.“, истакна тој.

Ракометарот на тимот, Урош Митровиќ порача дека Вардар ќе остави се на теренот – еден за друг и за навивачите.

„Останавме должни. Се надевам дека ќе го наполниме „Јане Сандански“ и заедно ќе дојдеме до победа и пласман понатаму“, изјави Митровиќ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...