Чупиќ пред Монпелје: Верувам дека утре можеме да одиграме совршен меч

РК Вардар 1961 утре го очекува реванш дуел против Монпелје во Европската лига, откако македонскиот тим на првиот меч доживеа дебакл (33-23) и пласманот на Фајнал фоур на второто по важност ракометно натпреварување на Стариот континент е илузорно.

Прегледи:

Датум:

РК Вардар 1961 утре го очекува реванш дуел против Монпелје во Европската лига, откако македонскиот тим на првиот меч доживеа дебакл (33-23) и пласманот на Фајнал фоур на второто по важност ракометно натпреварување на Стариот континент е илузорно.

Сепак, тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ на прес-конференцијата во пресрет на мечот изјави дека тимот ќе направи се што може за да ги надокнади тие 10 гола разлика.

„Во нашата сала секогаш е тешко да се игра, тоа го знаат сите противници, мора да се покажеме во подобро светло, да веруваме во сите 60 минути, да пробаме да направиме се што е во наша можност и да ги надокнадиме тие 10 гола разлика. Може после мечот ќе кажете дека сум будала што верувам, но ако моите играчи добијат поддршка како што јас добив против Пик Сегед или Фленсбург, се е можно“, уверен е тренерот.

Смета дека од првиот момент на натпреварот треба „да се верува во чудо“ и дека може да се одигра „совршен меч“.

„Тешко е да се одигра еден совршен меч во една сезона, јас верувам дека тој совршен меч можеме да го одиграме утре. Верувам дека фановите во оваа сала, може да не понесе атмосферта“, изјави Хрватот.

Чупиќ на овој меч на располагање ќе ги има Хориха и Малус, што не беше случај кога загуби 10 разлика разлика во Франција.

Мечот започнува од во 20:45 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...