Ништо од Реал: Се подготвува враќање на Мурињо во Премиер лигата?

Португалскиот стручњак и актуелен тренер на Бенфика, Жозе Мурињо, би можел да се врати во Англија, или поточно во Премиер лигата. Имено, како што пишува „Гол“, Њукасл е заинтересиран за Мурињо, од каде веруваат дека би можеле да се борат за трофеи со Португалецот

Прегледи:

Датум:

Португалскиот стручњак и актуелен тренер на Бенфика, Жозе Мурињо, би можел да се врати во Англија, или поточно во Премиер лигата. Имено, како што пишува „Гол“, Њукасл е заинтересиран за Мурињо, од каде веруваат дека би можеле да се борат за трофеи со Португалецот.

Мурињо во својата кариера освои неколку титули во Англија и Италија, а освои и две Лиги на шампиони. Тој е познат по своите лидерски вештини и способност да создаде победнички менталитет во секој клуб.

Од друга страна, Њукасл го освои својот прв домашен трофеј по 70 години минатата година триумфирајќи во Карабао купот, а две од последните три сезони ги поминаа во европските натпреварувања.

Сепак, оваа сезона клубот падна на дното од табелата во Премиер лигата, што создаде притисок врз тренерот Хау и предизвика разговори за враќање на Мурињо во Англија, поточно на „Сент Џејмс Парк“.

За потсетување, шпанските медиуми, исто така, сериозно пишуваат дека Мурињо е еден од кандидатите да го преземе Реал Мадрид.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...