Голема победа на Охрид во Унгарија, на домашен терен ќе се заверува титулата во ЕХФ Европскиот куп

Ракометарите на Охрид попладнево го совладаа тимот на Татабања со 28:29 (8:13) во првиот натпревар од финалето од ЕХФ Европскиот куп

Прегледи:

Датум:

Ракометарите на Охрид попладнево го совладаа тимот на Татабања со 28:29 (8:13) во првиот натпревар од финалето од ЕХФ Европскиот куп.

Во поголемиот дел од натпреварот Охриѓани имаа водство, во еден момент и со плус 6 (18:24) но на десетина минути пред крајот, неколку судиски одлуки доведоа до тоа домаќинот да се врти во игра, па дури и да поведе со 28:27.

ГРК Охрид сепак успеа во последните минути да дојде до победата со погодоците на Иванковиќ и Ѓукиќ.

Најефикасни во редовите на ГРК Охрид беа токму тие двајца со по седум гола, а голманот Пилиповиќ забележа 10 одбрани.

Реванш дуелот се игра во недела во Охрид на 31.мај со почеток во 20 часот. Охрид може да стане вториот македонски тим по Алкалоид кој го освоил овој трофеј.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...