МЗТ Скопје ја одбрани титулата во „МТЕЛ“ Супер лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје беа подобри од екипата на Маџари со 74:80 (34:35) во третиот натпревар од големото финале на плеј-офот во „МТЕЛ“ Супер лигата и го затворија дуелот со максимални 3:0 во серијата

Прегледи:

Датум:

Кошаркарите на МЗТ Скопје беа подобри од екипата на Маџари со 74:80 (34:35) во третиот натпревар од големото финале на плеј-офот во „МТЕЛ“ Супер лигата и го затворија дуелот со максимални 3:0 во серијата.

За тимот од Аеродром ова е 13 шампионски трофеј во историјата.

Домашната екипа се држеше само во првото полувреме, кое го загубија минимално, но во вториот дел МЗТ ги презеде работите во свои раце и не го испушти натпреварот до крајот, иако домаќините успеаја во еден момент да го изедначат резултатот на 64:64.

На сцена стапи капитенот Дамјан Стојановски кој погоди тројка, доволно за да го врати водството на 72:68. А по поените на Танасковиќ, гостите беа уште поблиску до новиот трофеј (74:68), кога останаа нешто повеќе од 3 минути до крајот.

Во нив „сино-белите“ не дозволија „враќање“ за Маџари. По поените на Маслинко и Мексвејн, ја зголемијаа позитивата на 80:72.

Војдан Стојановски го предводеше МЗТ Скопје Аеродром со 17 поени, Танасковиќ дојде до 16, Смит Мексвејн даде 13, а Петков дополни со 11 поени.

Во екипата на Маџари, Хот го заврши овој натпревар со „дабл-дабл“ ефект од 20 поени и 18 скока, Армстронг имаше 19 поени, а Луис додаде 13 поени.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...