Граховац останува во Еурофарм Пелистер и следната сезона

Никола Граховац и Еурофарм Пелистер потпишаа нов договор за сезоната 2026/27, со опција и за сезоната 2027/28

Прегледи:

Датум:

Никола Граховац и Еурофарм Пелистер потпишаа нов договор за сезоната 2026/27, со опција и за сезоната 2027/28.

Граховац пред да дојде во Македонија настапуваше во Хрватска, Унгарија и Германија.

„Кружниот напаѓач и во иднина ќе ги радува нашите навивачи, а со македонските репрезентативци – Жарко Пешевски и Самоил Ристевски ќе формираат огромен капитал на една од клучните позиции во ракометната игра“, соопштија кратко од битолскиот тим.

Кружниот напаѓач на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски, претходно исто така потпиша нов договор со битолскиот клуб.

Тој се обврза на договор со шампионот на Македонија и за сезоната 2026/27, со што успешната приказна на Пешевски со битолскиот клуб ќе продолжи и во иднина.

Пред да дојде во Еурофарм Пелистер, репрезентативниот пивотмен настапуваше за Металург, Мотор Запорожје и Штутгарт.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...