Кеита: Горд сум што се приклучувам на Охрид и што ја започнувам авантурата во Македонија

Французинот Адама Кеита потпиша со ГРК Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028, соопштија денеска од клубот. Тој игра на позицијата лево крило, има 28 години (186 cm) и ќе ја облече деветката во сино-белиот дрес.

Прегледи:

Датум:

Французинот Адама Кеита потпиша со ГРК Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028, соопштија денеска од клубот. Тој игра на позицијата лево крило, има 28 години (186 cm) и ќе ја облече деветката во сино-белиот дрес.

Доаѓа од тимот на Аек (Грција), а пред тоа цели 8 сезони го носеше дресот на ПСЖ (Франција) со кој има многу титули. Има настапи за сите младински категории за националниот тим на Франција и освоен бронзен медал на светското јуниорско првенство 2017.

„Започнува ново поглавје за мене. Горд сум што му се приклучувам на ГРК Охрид и што ја започнувам оваа нова авантура во Македонија. Му благодарам на клубот за довербата што ми ја укажа. Доаѓам со голема желба, амбиција и волја да го дадам максимумот на теренот за боите на клубот. Со нетрпение очекувам да започнам и да се запознаам со нашите навивачи“, изјави Адама Кеита, цитиран од клубот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...