Македонија против Словачка за пласман на СП 2027

Ракометната репрезентација на Македонија ќе игра против Словачка во бараж за пласман на Светското првенство кое во 2027 година ќе се одржи во Германија

Прегледи:

Датум:

Ракометната репрезентација на Македонија ќе игра против Словачка во бараж за пласман на Светското првенство кое во 2027 година ќе се одржи во Германија.

Словаците ја елиминираа Украина во драматичен двомеч. Реваншот заврши со резултат 32-31, но Словачка обезбеди пласман понатаму благодарение на победата од 27-24 во првиот натпревар.

Првиот натпревар на гости ќе се одигра на 13 или 14 мај, а Словачката федерација во следниот период ќе го потврди градот домаќин.

Реваншот е закажан за 17 мај (недела) од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Црвено-жолтите“ ќе се борат за десетото учество на Светско првенство, односно осмо по ред.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...