📽️Навивачите на Њукасл и Сандерленд се судрија пред големото дерби

По 12 години, Њукасл повторно го пречека Сандерленд на својот стадион во Премиер лигата. Првото дерби во сезоната, одиграно на Стадионот на светлината, му припадна на Сандерленд

Прегледи:

Датум:

По 12 години, Њукасл повторно го пречека Сандерленд на својот стадион во Премиер лигата. Првото дерби во сезоната, одиграно на Стадионот на светлината, му припадна на Сандерленд.

Сепак, увертирата за судирот меѓу големите ривали беше обележан со насилни сцени пред Сент Џејмс Парк.

Околу стадионот имаше големо полициско присуство со часови пред натпреварот, но и покрај ова, две групи навивачи успеаја да се степаат.

Според очевидци, помала група навивачи на Сандерленд успеа да избегне полициска придружба и да се судри со бројно посилна група навивачи на Њукасл.

„Дејли меил“ објави дека едно лице се здобило со сериозни повреди и му е укажана итна медицинска помош, вклучително и кардиопулмонална реанимација, пред да биде однесено во болница.

Инцидентите продолжија кога тимовите пристигнаа на стадионот – навивачите на Њукасл го нападнаа автобусот што ги носеше играчите на Сандерленд, додека навивачите на гостите возвратија на ист начин кога пристигна автобусот на домашниот тим.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Расел: Ферари сè уште е фаворит за Монца

Џорџ Расел го повтори својот став дека Ферари остануваат...

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...