Македонија со една нога на Светското – совладана Словачка убедливо на гости!

Во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во Германија на гостувањето во Прешов, Македонија ја совлада Словачка со убедливи 31:24 (18:13).

Прегледи:

Датум:

Во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во Германија на гостувањето во Прешов, Македонија ја совлада Словачка со убедливи 31:24 (18:13).

Домаќините се држеа до средината на првото полувреме, кога избраниците на Кирил Лазаров „додадоа гас“ и поведоа со +5. Во второто полувреме само се одржуваше предноста а во еден момент водевме и со осум гола разлика.

Најефикасни за „жолто-црвените“ беа Кузмановски со 10 гола и Лазаревски со седум. Томовски одбрани 13 удари на противникот.

Реваншот е закажан за 17 мај од 19.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Светското првенство се игра од 13-31 јануари 2027 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов удар за Реал Мадрид: Кукуреља неизвесен за натпреварот со Интер во Лигата на шампионите

Брилијантниот лев бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, беше...

Рафиња нов прв капитен на Барселона, Јамал петти на листата

Актуелниот шпански шампион Барселона денес објави дека прв капитен...

Евролигата потврди: Суперкупот во Абу Даби

Евролигата ги негираше наводите дека првиот Суперкуп од ова...